Вести Свет Топ вести

Русија уапси новинар на „Волстрит Журнал“ под обвинение за шпионажа

Русија уапси новинар на „Волстрит Журнал“ под обвинение за шпионажа, објави „Гардијан“. Федералната служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека во Екатеринбург е приведен Еван Гершкович додека, наводно, се обидувал да добие доверливи информации.

Од ФСБ наведуваат дека тој „собирал доверливи информации за активности на една од компаниите на рускиот воено-индустриски комплекс“, но без детали кога е рфеализирано апсењето.

Како што пренесува „Гардијан“, Гершкович би можел да се соочи со затворска казна од 20 години, доколку биде обвинет за шпионажа.

Тој е прв репортер на една американска новинска куќа од Студената војна кој е уапсен под обвинение за шпионажа во Русија.

Руската федерална служба наведува дека „Гершкович постапувал по наредба на САД да прибира информации за активности на една од компаниите на рускиот воено-индустриски комплекс кои претставуваат државна тајна“.

Гершкович ја покрива Русија и Украина како дописник на „Волстрит Журнал“ од Москва и според руските власти, тој имал акредитација од руското министерство за надворешни работи да работи како новинар.

Последниот негов извештај од Москва, кој е објавен во текот на оваа недела, беше фокусиран на забавување на руската економија поради западните санкции по влегувањето на руските трупи во Украина на 24 февруари минатата година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Еден од најбараните американски бегалци Мојзес Теџада уапсен во Ватикан

Дејан Дејан

Притвор за зетот на Заев и разрешување на стечајниот управник на неговата фирма – барање на адвокати на австриска фирма која побарува над 4 милиони евра

Дејан Дејан

Овошје и зеленчук, реновирање, авионски карти со најголемо поскапување, зејтинот, мастите и природниот гас најмногу поевтиниле-Што ја скрои годишната инфлација од 4%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе