Вести Македонија

Маричиќ: Сега имаме реална шанса, а не само теоретска можност да станеме членка на ЕУ

Идејата на ЕК е да се отвори првиот кластер до крајот на оваа година, ако си ги завршиме обврските со уставните измени, тврди вицепремиерот за европски прашање Бојан Маричиќ. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Маричиќ потенцираше дека по прв пат зависи само од нас дали ќе решиме да сопреме или не. Осврнувајќи се на противењето на опозицијата рече дека таа има право да дискутира, но има и одговорност да не ја сопре сопствената држава на овој пат.

Мислам дека сите политички партии се соочени со одговорноста за продолжување на патот. Ние сме свесни дека е ова непреавдено и дека не е идеален францускиот предлог, така свесни и го предложивме во Собранието. Свесни сме и дека премногу отстапки направивме до сега, но исто така сме свесни и дека по прв пат имаме реална шанса да ги завршиме преговорите, односно да продолжиме понатаму и да го направиме тоа што не успеавме 17 години, да ги завршиме преговорите и да станеме членка. Тоа е реална можност, не е веќе само теоретска шанса, туку имаме реална можност и треба да ја искористиме, дециден е Маричиќ.

За време на посетата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи и Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, како дел од Советот за стабилизација и асоцијација кој по 4 години се одржа во Скопје, Маричиќ рече дека владата од нив побарала на граѓаните и пратениците да им ги пренесе истите пораки кои ги испраќа до неа.

Она што ние го баравме од ЕУ, пораките кои што нам ни ги праќаат како влада да ги кажат отворено и на јавноста, и на парламентарците. Тое е дека нема можност за репреговарање или повторно преговарање на преговарачката рамка и на целиот пакет од францускито предлог. Губење време е да се очекува дека повторно ќе се преговара, и дека уставните измени како обврска не треба да ги тргнеме од масата бидејќи тоа може да ни го загрози патот и динамиката која што ја имаме на пристапувањето кон ЕУ, рече Маричиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа

Дејан Дејан

Цените на нафтата растат, фјучерсите потонаа за речиси 500 поени поради извештаите за експлозии во Иран

Дејан Дејан

Израел вели дека ја покажал својата способност да нападне во внатрешноста на Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе