Вести Македонија Топ вести

Фирма основана четири дена откако Митовски беше именуван за директор на скопски „Водовод“ доби тендер за електронска наплата на сметки

Фирма со назив Клик Медиа 101 го добила тендерот од над 30.000 евра за електронска наплата на сметките за вода која ја користат над 50.000 корисници на скопски Водовод.

Оваа фирма е основана четири дена откако на директорското столче во „Водовод“ седна Марјанчо Митовски, а основач и единствен сопственик на фирмата е Драган Стефанов кој не е познат за јавноста, ниту пак достапен за медиумите. Тендерот е прв и единствен регистриран на фирмата Клик Медиа 101 во Бирото за јавни набавки. За 30 илјади евра новоформирана фирма треба да го одржува и поправа електронскиот систем за наплата.

Телма побара одговори од сега веќе сменетиот директор Митовски, како оваа фирма го добила тендерот, но тој не сакаше да даде изјава па кусо ни одговори.

  • Во врска со тендерот го доби фирмата со најефтина понуда, а Драган Стефанов лично не го познавам, ниту знам за кого се работи, изјави за Телма  Марјанчо Митовски поранешен директор на ЈП „Водовод и канализација„ Скопје

За една компанија да учествува и да добие тендер потребно е да има искуство во областа,а доколку го нема новата фирма може да се приклучи на поголеми и поискусни  фирми и да биде дел од таа група, што во овој случај не е направено. Телма ја побара оваа фирма Клик Медиа 101 со адреса на ул. Благоја Страчков бр. 10 и еве што затекнавме.

Но сметките на Водовод нема да се испорачуваат само дигитално туку и во хартиена варијанта и тоа многу поскапо. Во оваа зделка од милион евра влегува познатата по печатање на Учебници Арс Ламина.

Новиот, трет директор на скопски „Водовод“ Драган Илиевски склучил договор со фирмата АРС ЛАМИНА ДОО Скопје која доцнеше со печатење на училишни книги, но сега за милион евра ќе ги прави и ковертира сметките за вода во рок од 2 години.

Марјанчо Митовски стана директор на скопски водовод откако градоначалничката Арсовска го разреши Златко Перински во внатрекоалициската битка со ВМРО-ДПМНЕ. Причината беше тендерот за пречистителна станица финансисран со европски пари за што Арсовска рече дека ги ставил рачињата во медот за тендер вреден 136 милиони евра за пречистителна станица. А до сега нема никаквa правна рзврска на тврдењата на градоначалничката кон која исто така беа упатени обвинувања за овој тендер.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Кривична пријава за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш

Дејан Дејан

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Дејан Дејан

Пендаровски: Го вратив законот за игри на среќа, ЕУ децидно ми кажа – „нема ниту една европска директива за која го врзувате, европското знаме е злоупотребено“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе