Вести Свет

(ВИДЕО) Вучиќ: Потерницата за Путин ќе има негативни последици

Издавањето меѓународна потерница за рускиот претседател Владимир Путин ќе има негативни последици и само ќе ја продолжи војната во Украина, смета српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Неговата изјава доаѓа откако Меѓународниот кривичен суд во петокот издаде потерница по рускиот лидер, обвинувајќи го за воени злосторства.

МКС го обвини дека носи лична одговорност за киднапирањата на деца од Украина за време на целосната инвазија на Русија врз нејзиниот сосед, која започна пред речиси 13 месеци.

Иако Србија бара членство во Европската унија, таа одржува блиски врски со Русија и е единствената европска држава која одби да се приклучи на меѓународните санкции против Москва.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе