Вести Македонија

(ФОТО) Црногорец со камион влета во двор на полициска станица во Тетово

Државјанин на Црна Гора со камион излета од автопатот Гостивар – Тетово па со транспортерот заврши во двор на полициска станица. Според првичните информации возачот се здобил со повреди, а од возилото бил извлечен од противпожарните екипи кои излегле на терен.

Камионот со кој иправувал странскиот државјанин изгубил контрола, ја пробил заштитната ограда и излетал во дворот на објектот каде е сместена Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај.

– Денеска (18 март) околу 11.50 часот во СВР Тетово пријавено е дека црногорскиот државјанин Љ.Д.(35), управувајќи товарно моторно возило “волво” со приколка со црногорски регистарски ознаки, сопственост на ЈП “Подгорица”, на автопатот Скопје – Тетово, изгубил контрола по што удрил во банкината од автопатот. По несреќата, возачот е пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид врши екипа на СВРТетово. Се чекаат детали за тоа кои се причините за инцидентот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Путин: Нема да го нападнеме НАТО, но ќе ги соборуваме ловците Ф-16 во Украина

Дејан Дејан

Војската на САД уништи дронови на Хутите од Јемен

Дејан Дејан

Повеќекратно убиство со нож во Илиноис, мотивот е непознат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе