Дел од средношколците кои годинава ја слушаат последната година денеска излегоа на протест пред МОН. Велат дека премногу настава изгубиле за да може да се подготват за полагање на редовната државна матура. Бараат од надлежните да им биде намален материјалот кој треба да го совладаат за полагање на истата, во спротивно најавуваат дека и наредните денови ќе протестираат и нема да посетуваат настава.
Претседателот на сојузот на средношколци Лука Павиќевиќ вели, тие не се организатор на протестот, но додаде дека во наредните две недели ќе биде повикано Генерално собрание на кое ќе ги разгледаат барањата на средношколците и ќе одлучат дали ќе се приклучат на протестот и какви ќе бидат идните нивни чекори.
Од МОН по денешниот протест пред нивното седиште не излегоа со став по однос на барањата на матурантите.