Вести Македонија

(Видео) Груби контра новинарите на Телма – вицепремиерот „продава“ медиуми на Мицкоски, се навредува од забелешката дека забегува од темата

Вицепремиерот Артан Груби контра новинарите на Телма: Груби „продава“ медиуми на Мицкоски, не одговара на прашања, но се навредува од забелешката дека забегува од темата, па не дозволува нови прашања и простува не за Прочка туку за 8-ми март

-Сега има нови сопственици. Таа Ептиса, не е истата Ептиса, објаснуваше првиот вицепремиерот Артан Груби на новинарските прашања како во градежен надзор на автопатиштата вредни 1,3 милијарди евра се избрани и фирми со сомнително портфолио како локални подизведувачи.

Неговото толкување беше дека на тој начин, со нова сопственост врз фирмата престанале причините за забрани и рестрикции кои владата ги дала на таа фирма. Покрај тоа проблематична е и фирмата Евро консалтинг чиј основач и поранешен сопственик е Бранислав Димитријевиќ, којшто е под истрага за злоупотреби во Ерменија со градежен надзор, а од таа земја избега со авион во Скопје во друштво на македонски дипломати.

На пресот по потпишувањето на договорот со Бехтел и Енка во вредност од 1,3 милијарди евра, вицепремиерот Груби првично не одговараше на новинарските прашања поврзани со овие аспекти на избраниот градежен надзор.

Ирена Чачкова, Телма: Истата фирма е (се мисли на Ептиса)?

Артан Груби, прв вицепремиер на владата: Па ви реков вчера на интервју, Вашата телевизија да стане сопственост на Христијан Мицкоски утре. Нели. Не е исто. Од која телевизија сте.

Новинар: Може и Али Ахмети да стане (сопственик).

Артан Груби, прв вицепремиер на владата: Не,не е тој по тие работи.

Миомир Серафиновиќ, Телма: Г-дине Груби малку забегавте, да ви објаснам, тоа волунтаристичко толкување на правото дека ако сопственик се смени,фирмата за ништо не одговара, не знам од каде ја влечете…

Груби на ова, возврати со прекинување и побара да му се извинам.

-Јас мислам дека треба да ми се извиниш, рече Груби.

Миомир Серафиновиќ, Телма: Еве Ви се извинувам,не знам за што, ама како премиерот и министрите кога се извинуваат и велат не знаат за што, еве се извинувам.

Артан Груби, прв вицепремиер на владата: За тоа што забега.

Миомир Серафиновиќ, Телма: Па вие забегавте. Вие ни објаснувате. А не ни одговарате на прашањата.

Артан Груби, прв вицепремиер на владата: Нема да Ви одговорам на прашањата. Додека не ми се извините.

Миомир Серафиновиќ, Телма: Добро не мора да ми одговорите. И Вие така не ни одговарате. Еве ќе ви се извинам за тоа што сум кажал дека сте забегале.

Артан Груби, прв вицепремиер на владата: Мислам дека ова е некоректно и дека треба да реагира Здружението на новинарите (ЗНМ) по однос на Вешето однесување кое е навредувачко и апсолутно неприфатливо и не би сакал да продолжам да разговарам.

Миомир Серафиновиќ, Телма: Вие не кажувате?

Артан Груби, прв вицепремиер на владата: Друго прашање.

Не дозволува да се постави прашањето за Ептиса и Димитријевиќ.

Миомир Серафиновиќ, Телма: Прашањето е дали Вие како влада знаевте дека г-динот Бранислав Димитријевиќ е ..

Груби постојано вели, друго прашање.

Миомир Серафиновиќ, Телма: Има, има. Второ прашање. Може сега.

Груби вели не е дозволено и разочарувачки од Серафиновиќ бидејќи се знаат како колеги од факултет.

Артан Груби, прв вицепремиер на владата: Дозволуваш да си кажеш дека сум забеган.

Миомир Серафиновиќ, Телма: Прашањето е…. Забегувате со објаснувањето и тоа може да го видите. А второто прашање ми беше ама гледам не сакате да одговорите.

Артан Груби, прв вицепремиер на владата: Навредливо е.

Груби не сакаше да го дозволи прашањето на Телма, но и наредното прашање, на друга колешка новинарка беше за Бранислав Димитријевиќ и за тоа дали владата знаела за неговото минато.

Артан Груби, прв вицепремиер на владата: Госпоѓо не знам што не е јасно..

Груби повторно не одговараше директно освен што тврдеше дека се е во согласност со законите и правилата.

Колега новинар од ТВ Алсат ми посочи дека зборот забегува во албанскиот има многу поголема навредлива и омаловажувачка карактеристика после што по неколку минути повторно успеав да стигнам до микрофонот.

Се извинив повторно но и објаснив на што се однесувала констатацијата односно дека тој не одговараше за она за што беше прашан и дека немаше прецизен одговор. Забегувањето како забелешка се однесуваше на правецот на тоа што се одговараше наспроти јасните новинарски прашања и тоа му го посочив на првиот заменик на Ковачевски.

Инаку и преводот на англиски на прес конференцијата беше дека забегувањето се толкува како фаќање на друг правец.

Груби пак наведе дека еве сега не знае дали денеска е Прочка (денеска е 8-ми март, празник на жените) но дека ете тогаш ќе прости.

На прашањето за Димитријевиќ, Груби одговори дека ниту го знае ниту го познава човекот, ниту знае што направил, но институциите слободно нека постапат.

Автор: Миомир Серафиновиќ

Во наредното видеото е исечок од целата ситуација.  

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

И Чад, по примерот на Нигер, најави протерување на американските војници – САД губат влијание во уште една земја во Африка

Дејан Дејан

Блинкен со јасен став за нападот на Иран врз Израел

Дејан Дејан

Еуромакс испорача рок или Владата ќе одлучи за рудникот за бакар „Иловица-Штука“ или правдата ќе ја бараат пред Арбитражен суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе