Вести Македонија Топ вести

Владиката Петар отвора телевизија

Нова телевизија од забавно општ карактер ќе зрачи локално во скопскиот регион. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на седницата одржана во понеделникот, и даде дозвола на компанијата „Преобразба“, чиј основач, сопственик и управител е теологот Петар Каревски, кое е световно име Преспанско пелагонискиот владика Петар.

„Советот на Агенцијата донесе Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик, на подрачје на регионално ниво Скопје,  на правното лице Друштво за производство туризам промет и услуги ПРЕОБРАЗБА ДООЕЛ Скопје. Телевизискиот програмски сервис ќе се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс“, се наведува во одлуката на АВМУ ТЕЛОП

Компанијата „Преобразба“ е основана на 25 август 2021 година, со основачки влог од 300.000 денари. Владиката Петар не одговори на телефонските повици и пораки на Телма, да каже зошто одлучил да влезе во медиумскиот бизнис, каков е неговиот план со телевизијата која ќе зрачи во Скопје, а не во Битолскиот регион каде е неговата Епархија, потоа колку пари ќе чини овој проект и  дали ќе има и информативна програма, што сепак е исклучително значаен сегмент со оглед на неговата улога во општеството како владика на една епархија.

Неофицијално, како што дознава Телма, зад проектот стои Македонската православна црква, а овој формат ќе наликува на форматот на регионалните и националните телевизии, кој опфаќа програма од забавен карактер, од јавниот живот, музичка програма, и секако може да содржи и информативна програма. Според информации на Телма, опремата за телевизијата на компанијата „Преобразба“ чиј сопственик е Владиката Петар е од поранешната скопска локална ТВ Амазон.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе