Вести Македонија Топ вести

Случај „Диамед“: Запленети 11,5 милиони евра од кои 8,2 од Монако, условна казна за Вера Иванова за продажба на лиценцата за дијализа

Конфискација на сите пари стекнати со продажбата на Диамед и лиценцата за вршење на дијализа и условна затворска казна за обвинетата сопственичка на фирмата „Диамед“, одлучи денеска кривичниот скопски суд кој по, речиси, две години од поднесувањето на обвинението го заврши судскиот процес против обвинетата Вера Иванова.

Судот оцени дека Иванова, која како сопственичка на фирмата „Диамед“ ја добила лиценцата на тендер од Министерството за здравство, не смеела да ја препродаде фирмата на шведската компанија „Диаверум“ без да се изврши анализа на можностите на купувачот. Покрај злоупотребата, Иванова е осудена и за перење на пари, но казната е условна. Или ќе одлежи две години затвор доколку во наредните пет години стори ново кривично дело. Покрај тоа, од Иванова и фирмата со сметка во Монако ќе се одземат сите пари стекнати со трансакцијата, односно околу 11,5 милиони евра.

„По однос на предлогот за конфискација, согласно членовите 97, 97А и 98 од Кривичниот законик, од обвинетата Вера Иванова се конфискува износ од 3.275.000 милиони евра, а од правното лице ББИ Компани Генерал Солушнс Сервис ЛТД се конфискува износ од 8.280.000 евра“, рече судијата Иле Трпков.

И двете суми се блокирани, односно замрзнати, домашната во Македонија додека поголемата сума на фирмата со седиште во Дубаи е замрзната во Монако. И обвинителството и обвинетата имаат право на жалба.

Обвинетата Иванова претходно поднесе кривични пријави против поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче поради нивното инволвирање во процесот на купопродажба, бидејќи го убедувале инвеститорот од Шведска „Диаверум“ да не ја купува „Диамед“. Досега обвинителството не соопшти што направи со пријавите на Иванова, а во целиот случај имаше и политичко-кумовска врска, бидејќи меѓу првично осомничените беше и првиот кум на екс премиерот Никола Груевски.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе