Вести Македонија

Штипски спасувачи и пожарникари на готовс – чекаат повик да тргнат кон Турција

Триестина спасувачи и пожарникари од повеќе општини низ земјава се спремни да заминат кон погодените подрачја од земјотресот во Турција и кои ќе го формираат вториот македонски конвој, потврдува за Телма директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. Меѓу спасувачите и пожарникарите во вториот конвој се е и петмина штипски пожарникари.

Командирот на Противпожарната единица, Дарко Коцев вели дека опремата за спасување и возилото е подготвено, а во моментов го чекаат само повикот за да тргнат и да бидат дел од конвојот за спасување во настраданите места во Турција.

Максути за Телма вели дека вториот спасувачки конвој е подготвен, сега се чека само одлуката од Владата.

За вториот македонски конвој информирани се и дипломатските конзуларни претставништва во Турција и Грција, за да непречено се движат по патиштата низ овие земји. Максути упати благодарност и до грчките власти, кои овозможиле непречено движење на првиот конвој, кој беше составен од 40 тина спасувачи и пожарникари координирани од Дирекцијата за заштита и спасување.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе