Вести Македонија Топ вести

Новиот Закон за работни односи да не дозволува исплата на К15 од само 100 денари

Поголема заштита и унапредување на работничките права мора да обезбеди новиот Закон за работни односи, порача Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. На јавната расправа се доставени пет забелешки, меѓу кои отсуство од работното место по однос на мајчинство или татковство мора да биде 100 посто исплатено, со цел младите да се задржат во земјава и да се мотивираат да формираат семејство, како и да се избегне можна манипулација од страна на работодавците.

Се бара и во новото законско решение да не се дозволува исплата на регрес за годишен одмор или познат како К15 и по 100 денари, бидејќи досега тоа им беше овозможено на работодавците под превезот на економски тешкотии во работењето.

Клучно е и во Законот за работни односи да не се дозволува и застарувања на парични побараувања од работен однос пред судовите, бидејќи како што вели Ампева во овој случај губат и работниците и државата, ако не им се исплатат и платите и продонесите. Јавните расправи за новиот Закон се во тек, асоцијациите, коморите, невладините и синдикатите се дел од овие расправави, кои деновиве  се одржаа во Струмица, Штип и Битола.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК-Веб сајт: Излезност до 17 часот- 42,38%, 7% повеќе од 2019-та, најголема излезност има во Новаци и Крива Паланка, најмалку во Пласница и Центар Жупа

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто или девет отсто повеќе од претседателските избори во 2019 година

Дејан Дејан

Екстремно високи температури на Филипини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе