Вести Свет Топ вести

Трампа на затвореници меѓу САД и Русија на аеродром во Абу Даби: Американска кошаркарка за руски трговец со оружје

Американската кошаркарка Бритни Грејнер, која беше во затвор во Русија, е разменета за рускиот трговец со оружје, Виктор Бут, кој веќе 12 години е зад решетки во САД, во трампата меѓу Москва и Вашингтон што е направена на аеродром во Абу Даби. Посредници на размената биле Обединетите Арапски Емирати и саудискиот принц престолонаследник, се наведува во заедничкото соопштение на двете земји.

Грејнер, која е сопственичка на две златни олимписки медала, беше уапсена на московскиот аеродром на 17 февруари поради поседување на канабис во багажот кој е забранет во Русија. Таа во август беше осудена на девет години затвор.

Бут, пак, беше уапсен во Бангкок во 2008 година во тајна операција на американската агенција за броба против криумчари на дрога. Рускиот трговец со оружје, познат како „трговец на смртта“, беше прогласен за виновен во 2012 година по обвинението дека сакал да продаде пушки и проектили на терористичка организација која имала намера да ги користи за напади врз американските сили.

За делото доби 25 години затвор во САД и за него е снимен и филмот „Господар на војната“, со Николас Кејџ во главната улога.

Американскиот претседател Џо Бајден твитна дека разговарал со Грејнер и дека кошаркарката е на пат за дома. Претседателот, пак, на Меѓународниот комитет за човекови права во Русија, Иван Мелников, речиси, во истовреме се огласи дека Бут моментно лета за Русија и наскоро ќе слета во својата татковина, пренесува агенцијата ТАСС.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Кривична пријава за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш

Дејан Дејан

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Дејан Дејан

Пендаровски: Го вратив законот за игри на среќа, ЕУ децидно ми кажа – „нема ниту една европска директива за која го врзувате, европското знаме е злоупотребено“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе