Вести Македонија Свет Топ вести

Самит ЕУ- Западен Балкан во Тирана

Почнува Самитот ЕУ – Западен балкан во Тирана на кој според најавите се очекува учество да земат 44 делегации. Една од темите ќе биде разгледување на опцијата за намалување на цените на роаминг услугите меѓу ЕУ и земјите од регионот за што се очекува и потпишување декларација.

На земјите од Западен Балкан ќе им биде претставен акциски план за миграција, а во фокусот ќе бидат и последиците од војната во Украина и надминување на енергетската криза. Политичката порака, како што велат европски дипломати, ќе биде јасна европска перспектива и повик за забрзување на проширувањето.

И покрај колебањето, српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека сепак ќе дојде во Тирана, велејќи дека ако не присуствува, тоа ќе биде на штета на неговата земја. Во пресрет на самитот подигнати се безбедносните мерки, а ангажирани ќе бидат 1.500 припадници на полицијата за да се погрижат за редот особено откако Сали Бериша најави антивладин протест. Иако неговото барање за протест пред владата на Албанија беше одбиено тој сепак рече дека никој не може да го сопре да го одржи најавениот митинг за 12 часот. По Бериша и партијата на поранешниот претседател Илир Мета повика граѓаните масовно да излезат на протестот на опозицијата. Албанското министерство за внатрешни работи за денеска најави дека целосно ќе биде забрането движење пред владата, каде ќе се одржува самитот, а денешниот ден во Тирана е прогласен за неработен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе