Вести Свет Топ вести

Ким Јонг Ун: Целта на Северна Кореја е да стане најголема нуклеарна сила во светот

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека крајната цел на неговата земја е да ја поседува најмоќната нуклеарна сила во светот.

Ким го објави ова синоќа додека промовираше десетици официјални лица и научници вклучени во неодамнешното лансирање на најголемата севернокорејска балистичка ракета, објавија севернокорејските државни медиуми.

Градењето нуклеарна сила служи за сигурна заштита на достоинството и суверенитетот на државата и народот, а нејзината крајна цел е да ја поседува најмоќната стратешка сила во светот, апсолутна моќ без преседан во овој век, нагласи Ким.

Северна Кореја минатиот петок тестираше интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17, објави државната новинска агенција КЦНА. Ракетата достигна височина од 6.000 километри, покривајќи дострел од 1.000 километри и падна на околу 200 километри западно од островот Ошима во северната префектура Хокаидо, соопштија јапонските власти.

Ким го нарече Хвасонг-17 најмоќното стратешко оружје во светот и рече дека тоа ја покажува одлучноста и способноста на Северна Кореја на крајот да ја изгради најсилната војска во светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстремно високи температури на Филипини

Дејан Дејан

Јамајка ја призна Палестина

Дејан Дејан

Десетина граѓани се пожалиле кај Омбудсманот за повредено избирачко право

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе