Вести Свет Топ вести

И покрај загубите во Украина, нема причина да се мисли дека заканата од Русија е намалена, тврди естонскиот министер за одбрана

Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур изјави дека не мисли оти Русија е сериозно ослабена од војната во Украина, јави ДПА.

Мораме да бидеме искрени и јасно да кажеме дека руската морнарица и руските воздухопловни сили се приближно големи колку што беа пред војната, изјави Певкур за ДПА за време на неговата посета на Берлин.

Иако руските копнени сили изгубија многу луѓе, тие порано или подоцна ќе го вратат својот број од пред 24 февруари, истакна естонскиот министер.

Покрај тоа, Русија ќе учи од своето искуство во Украина.

Нема причина да се мисли дека заканата од Русија е намалена, нагласи Певкур.

Естонија планира да потроши 2,84 отсто од својот бруто домашен производ за одбрана следната година и 3,2 отсто од својот БДП во 2024 година, рече министерот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Близу 1000 набљудувачи, странски новинари и преведувачи акредитирани за следење на Претседателските избори

Дејан Дејан

Северна Кореја тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Дејан Дејан

Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе