Вести Свет Топ вести

Една третина од имигрантите во Британија се Албанци

Британските медиуми пренесуваат дека секој трет имигрант кој илегално го минува Ла Манш и стигнува на британска територија е Албанец, јави Топ чанел.

Бројот на баратели на азил кои добиваат поддршка финансирана од парите на британските даночни обврзници за првпат достигна 100.000. Тоа го покажуваат податоците на „ Home Office”, според кои ова е бројот на имигранти кои на крајот на септември добивале помош од владата, наспроти  помалку од 69.000, колку што бил нивниот број минатата година, наведуваат медиумите.

Додаваат дека повеќето добиваат бесплатно сместување и животен додаток од 40,85 фунти неделно за секое лице во нивното семејство.

Албанците сочинуваат 35 отсто или нешто повеќе од една третина, од луѓето кои го преминале Ла Манш со мали бротчиња и гумени чамци во првите девет месеци од годинава, покажуваат новите податоци на британските власти.

Тие, исто така, сочинуваат половина од луѓето забележани на оваа рута во периодот јули-септември, што е нагло зголемување во споредба со претходните години, кога 3 отсто од пристигнатите на британска територија во 2021 година биле од албанска националност а само 1 отсто во 2020 година.

Информациите од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека имало над 33.000 пристигнувања на мали бродови и чамци во Обединетото кралство од јануари до септември оваа година.

Во овој период се проценува дека во оваа земја влегле повеќе од 11.200 Албанци. Авганистанците се втори на листата со 15 отсто од пристигнатите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Полицијата ги проверува базните станици и телефоните на родителите на исчезнатото девојче во Србија

Дејан Дејан

Путин: Нема да го нападнеме НАТО, но ќе ги соборуваме ловците Ф-16 во Украина

Дејан Дејан

Војската на САД уништи дронови на Хутите од Јемен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе