Вести Македонија Топ вести

Контроверзниот пратеник Костадинов на отворањето на новите простории на Бугарскиот културен центар

На празникот „Свети Климент Охридски“, на улицата „Никола Вапцаров“ во центарот на Скопје, се отворија новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар. Дека датумот не е случајно избран, потврдија и од македонскиот научен институт од Софија, кои на Центарот му подарија икона со овој светител. Настанот се одржа под силно полициско обезбедување на целата улица, а покрај официјалните лица од Софија, дојде и бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, кој неодамна ја нарече Македонија втора бугарска држава. За министерката за култура ваквите пораки не се добредојдени.

Бугарскиот министер рече дека, овој клуб праќа убава порака за добрососедство, но не сакаше да го коментира отворањето на контроверзните бугарски клубови во Битола и Охрид.

Овој центар во Скопје функционира од 2006 година, сега само доби нови простории со отворена и затворена галерија, читална и библиотека од над 10.000 томови

За разлика од него, на останатите бугарски клубови, отворени неодамна во Битола и Охрид, им се закануваат прекршочни пријави за потежок облик на дискриминација од Комисијата за дискриминација,  доколку не ги спроведат нивните препораки. Веќе е пробиен 30-дневниот рок за отстранување на спорните содржини од социјалните мрежи, а за неколку дена истекува и рокот од 45 дена, во кој Здружението треба да ги отстрани спорните содржини од името, статутот и програмата.

Комисијата во октомври годинава утвди дека клубот што го носи името на докажан соработник на фашистите, Ванчо Михајлов, врши дискриминација, а со измените на Закон за здруженија, што ги усвои Собранието, се забранува основање и упис на организации чие име и програма поттикнуваат фашизам, нацизам, национална, расна и верска омраза. Со ретроактивното важење на законите, сите здруженија имаат рок од три месеци да ги усогласат името, целта и програмата со овој закон.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поплава оштети затвор во Нигерија, побегнаа најмалку 118 затвореници

Дејан Дејан

(Видео) Крвави коњи на британската кралска гарда приредија хаос во Лондон

Дејан Дејан

Пентагон: Моќни балистички ракети со дострел до 300 километри веќе се испорачани на Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе