Вести Македонија Топ вести

Коцевски во „Топ тема“: Судиите не можат да бидат унапредени оти се доцни со Стратегијата за реформи во правосудството

Стратегијата за реформи во правосудството 2017-2022 не е ништо повеќе од еден патоказ, со цел да се надминат оние системски слабости кои што беа идентификувани од групата на меѓународни експерти и сите нас кои ги следиме работите во правосудството, изјави Гоце Коцевски од македонското здружение на млади правници, во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Идејата беше да не се повтори тоа што се случуваше претходно, односно заробена држава. Самата Стратегија си предвиде голем број на мерки и цели. Мерките на ниво на активности како што е изработка на закони, спроведување на одредени активности во најголем дел се спроведени, меѓутоа останува прашањето дали целите на Стратегијата беа остварени. Дали судството е, навистина, понезависно или не? – Дали квалитетот на судските одлуки е поголем или не? – Факт е дека она што се однесуваше на судии и обвинители, на ниво на законска рамка, беа донесени. Меѓутоа, голем дел од подзаконските акти, кои што беа неопходно за да се овозможи оценувањето на работата на судиите што е предуслов за нивно унапредување, беа донесени со големо задоцнување. Сега имаме ситуација во која што судиите не можат да бидат унапредени, затоа што доцни севкупниот процес. Голем број на закони, исто така, не беа донесени, како законите во областа на кривичното законодавство, законите во областа на граѓанското законодавство. Во однос на овој дел, морам да упатам длабока загриженост, затоа што одредени закони кои што беа изработени и поднесени до Собранието на усвојување, нашите законодавци повеќе од една година ги држат во фиока“, истакна Коцевски.

Има определен напредок во постапувањата на судовите во пракса, меѓутоа дискутабилно е колку тој напредок се должи на реформските процеси. Се забележува постојан тренд на состојбите во судството, пред сè, во некои области, како јавност, транспарентност, итн., истакна Дарко Аврамовски од коалицијата „Сите за правично судење“

„Мислам дека таквиот тренд е независен од реформите. Голем дел од законите кои се предвидени во Стратегијата се донесени. Но, има закони кои веќе сериозно го имаат пречекорено рокот за нивно донесување, како што е Законот за кривична постапка, кој, според Стратегијата требаше да биде донесен пред четири години. Не сметам дека тоа е некој пропуст на работата на измените на законот, колку што не е посветено должното внимание во процесот на планирање на Стратегијата и предвиден е амбициозен рок за промена на еден така комплексен закон каков што е Законот за кривична постапка“, изјави Аврамовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе