Вести Македонија Топ вести

Имиња и титули на доктори злоупотребени во промоција на сомнителни лекови и препарати

Познато медицинско лице со професорска титула. Ова стои на реклама за некаков чај кој убива паразити во телото. Докторот Никола Пановски е ликот зад овој препарат, но тоа е само дел од планот на оние кои се обидуваат да направат измама, со злоупотреба на името на познатиот доктор. За тоа, самиот Пановски алармираше и ги повика институциите да истражат, но и да казнат.

„Тие толку мудро го прават тоа, толку перверзно, што тоа воопшто не доаѓа до мене. Јас сум блокиран кај нив, а тие мене ме постираат лажно. Неовластено користат фотографија, лажат дека јас нешто сум кажал и со тоа го фрлаат мојот авторитет и углед којшто сум го градел со години, а со цел да заработат и да продадат производ кој не е ниту регистриран и прашање е со каков квалитет е. Тука има многу кривични дела и не знам што чекаат институцииве дали имало пријава“, изјави професор доктор Никола Пановски, микробиолог.

Производите коишто се рекламираат најчесто се доста скапи, а има и податоци како да се купи и плати. Според професорот, токму тоа треба да ја олесни работата на органите на прогоните, за лесно да се справат со ваквиот тип на измама.

„Има таму линк каде да платите. Ќе се јави некој полицаец или инспектор и ќе ги фати, не е тоа проблем. Ама не сакаат да ги фатат, не знам зошто“, додава Пановски.

Кој и зошто злоупотребува идентитет на доктори останува нејасно. Телма побара одговори од полицијата, и за овој случај, но и за дел од претходните случаи – како оној за доктор Сашко Кедев чиешто име и наводни интервјуа беа злоупотребени за промоција на некаков лек за срцево болни пациенти.

„Ве известуваме дека по пријавата е постапено, односно доставено е Известување до надлежното Јавно Обвинителство. Исто така од наша страна испратен е и допис до Интерпол, со цел од нивна страна да биде испратено барање до другите држави во однос на тоа дали вакво лажно интервју е регистрирано во нивните евиденции“, велат од МВР.

Дури и името на поранешниот министер во неколку ресори и правник по професија, Никола Тодоров, беше злоупотребено за промоција исто така на препарати и лекови, со сомнително потекло.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Полицијата ги проверува базните станици и телефоните на родителите на исчезнатото девојче во Србија

Дејан Дејан

Путин: Нема да го нападнеме НАТО, но ќе ги соборуваме ловците Ф-16 во Украина

Дејан Дејан

Војската на САД уништи дронови на Хутите од Јемен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе