Вести Македонија Топ вести

Адвокатот Давидовиќ во „Топ тема“: Партиите и власта се извори на корупција и заробени институции

Извор на корупцијата и на заробените институции се политичките партии и власта, нагласи адвокатот Звонко Давидовиќ во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Клиентелистичкиот однос и она што им служи како добра алатка за справување со опонентите и неистомислениците е судството, односно правосудството за да го дисциплинира или маргинализира сето она што им пречи. Тоа што го кажува амбасадорката Агелер, ние го зборуваме со години, но сè нема слух за такво нешто да се направи. Во однос на Стратегијата и донесените закони, тие се мртва буква на хартија, затоа што и законите кои постоеја, ние не ги применувавме“, изјави Давидовиќ.

Американската амбасадорка во земјава, Ангела Агелер повика на поголема транспарентност и борба со корупцијата. Таа во текот на минатата недела упати директна порака дека се збунувачки резултатите од изборот за шеф на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Агелер притоа потенцира дека „граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден систем во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет, низ транспарентни процеси, без разлика дали се обвинителството, судството или било која друга јавна институција. Според неа, за политичкото мешање нема место во тие постапки и оние кои би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на мала врата, треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР и обвинителствотo се здружија во кризен штаб- утре ќе ловат прекршувања на изборниот процес, кршење кутии најмалку три години затвор

Дејан Дејан

Затворениците гласаа во прилепскиот затвор, додека вработените протестираа

Дејан Дејан

Четворица уапсени во Германија обвинети дека шпионирале за Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе