Вести Македонија Топ вести

Тодоров во „Вин-Вин“: Ахмети е еден од најискусните на македонската политичка сцена, неговата игра не можат да ја играат СДСМ и ВМРО

Во овој момент, Али Ахмети претпоставувам е еден од најискусните политичари на македонската сцена, истакна адвокатот Никола Тодоров, поранешен министер за образование и наука и за здравство, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Дали тоа некому му се допаѓа или не, јас не знам. Но, во овој момент човекот игра некоја политичка игра што, претпоставувам, другите големи македонски партии, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, не можат да ја играат на ниво на кое што се сега. И тоа е тажно“, нагласи Тодоров.

Неговиот став околу прашањето „Кому сето ова одговара“ е идентичен со ставот на Георгиев дека „ова најмногу одговара на ДУИ“.

„Влезот на Алијанса во влада најмногу одговара во ДУИ. Зошто? – Затоа што ДУИ се главни во владата. Да нема избори во 2024 година кому му одговара најмногу? – На ДУИ. Нормално му одговара и СДСМ, затоа што има слаб рејтинг и ако утре има избори, задутре нема да биде на власт. Тоа е јасно. Ама ДУИ по било кои наредните избори, нема да ја има моќта што ја има денеска. Од тој аспект, ова најмногу му одговара на него за да си ја зацврсти позиција. Второ, секоја опозициска партија што се појавувала во минатото и која ќе и се доближи на ДУИ, ДУИ многу вешто работи и ја поразува на маса, надвор од избори. Тоа се случи со Беса, сега се случи со Алијанса, тука имаше и други фактори, како онаа фотографија на Мицкоски, со Апасиев и Алијанса покрај која објавија дека имаат 61 пратеник. Претпоставувам дека тоа и направи огромна штета на Алијанса. Не поради сликата со Мицкоски, туку поради Апасиев. И ДУИ тоа вешто го искористи во нејзиното гласачко тело“, изјави Тодоров.

Според него, ДУИ цело време ја игра играта од која има голем бенефит, бидејќи е главен фактор во влада и 18 години е на власт и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ, но вели „никогаш немала вака силна одлучувачка улога како што има сега“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе