Вести Свет Топ вести

Фон дер Лајен: Подготвуваме деветти пакет санкции за Русија, нема да застанеме додека Украина не победи

Европската унија (ЕУ) го подготвува деветтиот пакет на санкции за Русија поради нејзината инвазија на Украина, изјави претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен при нејзината денешна посета на Финска.

„Напорно работиме да ја удриме Русија каде најмногу боли и дополнително да ја ослабне нејзината способност за водење на војната во Украина. Денеска можам да објавам дека со полна пареа на деветтиот пакет на санкции“, рече Фон дер Лајен на прес-конференцијата во Хелсинки.

„Убедена сум дека наскоро ќе одобриме глобално ограничување на цената на руската нафта со Г7 и другите големи партнери. Нема да застанеме додека Украина не го победи Путин во неговата илегална и варварска војна“, додаде претседателката на ЕК.

Таа не изнесе детали за мерките кои кои ќе ги опфати деветтиот пакет на санкции. Осмиот доби конечно одобрување минатиот месец и вклучува повеќе ограничувања во тргувањето со челик и технолошки производи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Мајката на Данка бришела пораки и повици од телефонот на денот на исчезнувањето на девојчето

Дејан Дејан

Автобус падна од мост во Јужна Африка, загинаа 45 луѓе, преживеа само едно осумгодишно дете

Дејан Дејан

Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.5 милијарди евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе