Вести Македонија Топ вести

Во аферата „Паразити“ и Жерновски, тој обвинува за манипулација

Поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски е најновиот пример во аферата „Паразити“ на опозицијата за функционери со високи примања, а без никаков придонес. Тврдат дека, година ипол секој месец му легнуваат на сметка по илјада евра за членство во проектна единица за изградба на Клинички центар кој не е ни на повидок.

  • „Жерновски до сега зел повеќе од 18.000 евра од Министерството за здравство, а намената за која што ги зема тие средства не е оправдана. Клинички центар нема, ниту се гради тој во Штип, а тој во Скопје не е ниту во фаза да почне да се гради“, изјави Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ.

Но, Жерновски тврди дека ова е манипулација.

  • „Воопшто не сум ангажиран за изградба на Клиничката болница во Штип, ниту, пак, сум дел од проектната единица.Мојот ангажман во Министерството за здравство е со Договор на дело, а не со редовен работен однос, што значи дека наведената сума се исплаќа без платени придонеси и давачки кон државата. Во реалноста, истата се намалува за третина при плаќање на наведените придонеси“, вели Жерновски.

Втор денешен пример во аферата е Кире Станкоски, генерален директор на Тутунски комбинат Прилеп, кој според ВМРО ДПМНЕ, зема месечна плата од над 2.000 евра, односно, за еден мандат ќе инкасира речиси 100.000 евра.

Во оваа афера деновиве се најдоа и имињата на член на Управен одбор на Телеком, директорите на Агенцијата за цивилно воздухопловство, ПУИК, МЕПСО и М-НАВ, со плати кои се движат од 3 илјади евра па се` до 11.500 евра месечно.

Од владата вчера и самите признаа дека платите се неконзистентни и дека има претпријатија кои работат со загуба, а раководствата земаат плати повисоки од министерските. Најавија забрзување на изработката на Закон за плати со кој се предвидува и ограничување на функционерските плати.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Студентските протести „ќе влезат во историјата на срамот“ како највалканата обоена револуција

Дејан Дејан

Српските студенти со огромен протест во Крагуевац

Дејан Дејан

Мицкоски: Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе