Брза ратификација и имплементација на договореното во Берлин е она што се очекува од шесте земји од Западен Балкан по завршувањето на вчерашниот самит на Берлинскиот процес. Слободното движење на луѓето низ регионот само со лична карта, признавање на високообразовните квалификации и признавање на професионалните квалификации на лекарите, забарите и архитектите се трите договори кои вчера беа потпишани, а кои кои треба да го зајакнат заедничкиот регионален пазар и да ја забрзаат интеграцијата во ЕУ.
Освен продолжување на она што беше започнато во 2014 година, на вчерашниот самит на Берлинскиот процес се гледа и како засилено враќање на Германија во регионот како предводник на европската агенда за Западниот Балкан, откако процесот изминатиот период влезе во сенка на иницијативата „Отворен Балкан“. Сепак, упатените во процесот отфрлаат какво и да е спојување на двата процеса, без оглед што дел од договорите и мерките се дури и идентични, туку се оди по линија на нивно взаемно коегзистирање.
Засиленото враќање во регионот Германија, вчера на Берлинскиот процес, го потврди со обезбедување на краткорочни 500 милиони евра буџетски пари за заеми за регионот за намалување на фискалните притисок и стабилизирање на енергетскиот сектор.
Неофицијално, пристапот кој се применува сега и од ЕУ и унилатерлано од змејите-членки на Унијата кон регинот, како помошта од Германија, за намалување на енергетската криза е научена лекција од ковид кризата, и треба да покаже дека регионот во оваа криза не е оставен сам на себе.
Тамара Грнчароска