Вести Македонија

Имал договор со Хитлер, но бугарскиот цар Борис III како име на охридски клуб е надвор од ингеренциите на Министерството за правда

Министерството за правда нема ингеренции и не може да го спречи отворањето на бугарскиот клуб (го носи името на бугарскиот цар Борис Трети кој владеел во време на Втората светска војна) во Охрид в петок е ставот на министерот Тупанчески.

Ад хок телото за спорните имиња на здруженија и фондации кои користат историски личности  брои денови пред да почне со работа и но тоа нема да може да смени ништо во случајот со веке формираните здруженија Ванчо Михајлов и Цар Борис трети . Телото според министерот ќе може да спречи идни потенцијални провокации. Не може да дејствува ретроактивно но обвинителстовто може.

Обвинителството отвори  во мај и во август отвори предмети за здруженија именувани по соработници на фашизмот но тие се уште се во предистрага што е првична фаза од истражувањето

  • Во двата предмети прибавена е целокупната документација поврзана со регистрацијата на здруженијата која се анализира по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука- Јавно обвинителство.

Покрај поканата за отворање на здружерние Цар борис трети во петок на пладне стои повикот- да  отвориме заедно уште еден центар за градење на мостови меѓу двата братски народи.

И овој клуб служи за провокации негирање на македонците и продолжување на проектот  за оживување на санстефанска Бугарија- ниту градат мостови ниту сме братски народи, смета историчарот Александар Литовски.

Претседателот на здружението Цар Борис Трети, Томе Блажевски не сакаше да даде изјава. Најави одговори в петок, на отворањето на клубот.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК по обработени 99%: Предност од 182.386 гласови на Силјановска пред Пендаровски

Дејан Дејан

Резултати од прв изборен круг: Силјановска и Пендаровски во втор круг

Дејан Дејан

ФОТО ВЕСТ: Втор круг реприза од 2019-та, Силјановска и Пендаровски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе