Вести Македонија

Нови обвинувања во „Броило“ за местење тендери, премиерот негира поврзаност, компаниите најавуваат тужби

Два ипол милиони евра од државни тендери заработила фирмата основана од премиерот и неговиот кум Горанчо Паунов, изброи опозицијата во продолжение на аферата „Броило“.

Според нив,  Пиксел груп е основана во 2017 –та година, само 5 месеци откако СДСМ дојде на власт. Втората фирма која се јавува како изведувач на работите е КМГ ЕОЛ Квазар, основана од кумот на Ковачевски Паунов. Покрај од државни тендери, опозицијата обвини и дека, фирмата на кумот на премиерот, додека тој беше на претходната функција заменик-министер за финансии, склучила договор и со ЕВН, за изградба на фотоволтаични панели, а тежи исто така над два милиони евра.

Лефков објави дека се местеле од крупни до најситни тендери. Само преку ЈКП Комуналец Свети Николе во 4 наврати фирмата на Паунов земала над 100 илјади евра. За неполни две години.
на сметката на оваа фирма од касата на ЈП Пасишта се слеале вкупно над половина милион евра. Тендери имало и од општина Ѓорче Петров, во вредност  од 48 илјади евра и општина  Чаир од 108 илјади евра.

Премиерот денеска повтори дека тој го повлекол својот финансиски удел од компанијата што ја основал кога стапил на функцијата заменик-министер за финансии.

Денеска се огласија и од компаниите со осуда на секој обид за дискредитација, нивната групација да се доведе во врска со каква било политичка структура. Тврдат дека работат на слободен пазар како приватни компании по сите законски прописи и по највисоки етички стандарди и не користат никакви посебни услови, надвор од оние кои на сите од оваа дејност им се на располагање и им следуваат по закон. Бараат извинување од ВМРО ДПМНЕ, во спротивно ќе ги преземат сите правни средства кои им стојат на располагање за заштита на угледот.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Следува период на стабилно, сончево и топло време – Временска прогноза за 30.3.2024

Дејан Дејан

Над 20 повредени во автобуска несреќа во западна Германија

Дејан Дејан

Автобус падна од мост во Јужна Африка, загинаа 45 луѓе, преживеа само едно осумгодишно дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе