Вести Свет Топ вести

Обвинувања меѓу САД и Русија за тоа кој ги саботирал Северен тек 1 и 2

Меѓусебните обвинувања меѓу САД и Русија кој стои зад саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото море, се префрлија и во Советот за безбедност на Обединетите нации. Рускиот амбасадор во ООН, Василиј Небензја повторно ги нарече глушави обвинувањата дека самите го саботирале гасоводот за чија изградба потрошиле милијарди евра и од кој очекувале значителен економски профит.

Сепак, вие самите од Западот тврдевте дека ние профитираме од извозот на енергетски ресурси и дека имаме придобивки од растот на цените, рече Небензја.

Небензја обвини дека американските стопанствените тријат раце додека Европа е оставена самата да се справува со тешката зима која ја очекува.

Поради енергетската криза европското производство набрзина се трансферира во САД. Тие добиваат одличен кадар, напредни технологии, производствени ресурси, работи кои Европа со децении ги акумилираше и развиваше. Жителите на Европа се оставени самите да се справуваат со своите проблеми. А, преку океанот, никој не се грижи што Европа ја очекува многу темна, студена и долга зима, обвини Небензја.

Американскиот претставник, Ричард Милис, категорично ги отфрли руските обвинувања.

Мојот руски колега продолжува да користи потпалувачка реторика, обвинувајќи ги САД дека се вмешани во овој чин на саботажа. Досволете ми да одговорам на неговото прашање. Дозволете ми да бидам јасен. САД, категорично негираат било каква вмешаност во овој инцидент, и ги отфрламе сите тврдења кои го посочуваат спротивното, порача Милис.

Гаспром, чиј гас се транспортираше преку гасоводите, синоќа излезе со тврдење дека од првата експлозија, до сега во атмосферата била испуштена количина еднаква на тримесечна потрошувачка на Данска. Тим норвешки истражувачи исто така објавија мапа за распространетоста на штетните гасови ослободени во атмосферата по инцидентот во Балтичкото море. Тие исто така проценуваат дека ќе имаат релативно благ ефект врз климатските промени, иако станува збор за ослободени количини на метан помеѓу 300.000 и 500.000 тони.

Ова е нешто кое сега ќе се рашири насекаде низ планетата и ќе остане во атмосферата следните 11 – 12 години, колку што е животниот век на метанот, кој сега ќе се додаде на останатиот метан кој придонесува кон климатските промени. Но, исто така имаме мерни станици и на Арктикот, па во следните денови ќе биде интересно да се види што ќе покажат тие станици, изјави Стивен Плат од норвешкиот Институт за квалитет на воздух.

Научниците посочуваат дека станува збор за единствениот случај во историјата во кој можат да посведочат на толку големо ослободување на штетни гасови. Тие смируваат дека иако станува збор за огромни количини, тие сепак не претставуваат ризик за јавното здравје.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спасов во Вин-Вин: Балканските држави во прва прилика во ЕУ би си ставиле вето

Дејан Дејан

Мицкоски се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон

Дејан Дејан

Џо Бајден уверува дека неговиот тим ќе работи со тимот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за мирна транзиција на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе