Вести Свет

Четврто истекување на гас од Северен тек 2 неделава

Нова точка на истекување од подводниот гасовод Северен тек откри Шведска, четврта оваа недела. Претходно Шведска и Данска соопштија дека откриле истекување на на три места од двата гасоводи Северен тек 1 и 2, зголемувајќи ги сомнежите дека не станува збор за случајни дефекти. Европската унија обвини за саботажа, но не го впери прстот директно во Русија.

Русија од своја страна, обвинувањата дека намерно ги оштетила сопствените гасоводи, ги отфрли како очекувани и глупави. Руското Министерство за надворешни работи пак соопшти дека експлозиите се случиле во област контролирана од американското разузнавање.

Тоа се случи во трговските и економските зони на Данска и Шведска. Тоа се земји кои се целосно под контрола на американските разузнавачки служби, истакна портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Истекувањата од гасоводот „Северен тек“, кој испумпува огромни количини на природен гас на дното на Балтичкото Море, емитува загадување еднакво на една третина од вкупните годишни емисии на стакленични гасови на Данска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе