Вести Македонија

Бившата градоначалничка на Арачиново Миликија Халими стана инспекторка во Царина и ќе гони економски криминал

На истек на апанажата откако лани изгуби на изборите за градоначалник на Арачиново, Миликија Халими победи на конкурсот и со средно школо ќе биде инспекторка во царината.

Од царината потврдија дека од сабота и почнува работниот ангажман кој е склучен на определено време од три месеци.

-Миликија Халими има заснован работен однос на определено време во Царинската управа од 01.10.2022 година, по спроведен јавен оглас за вработување на определено време, на работно место инспектор во Сектор за контрола и истраги, со средно образование согласно Правилникот за систематизација, одговорија од царината.

Огласот бил распишан на 5-ти септември, Халими ќе биде вработена како инспектор за истраги во Служба за борба против економски криминал во Сектор за контрола и истраги на Царината.

Платата ќе и биде околу 500 евра односно за нејзиното место е предвиден месечен приход од  29.823 денари.

Халими има средно училиште, но не економско туку медицинско. И покрај таквата диплома, таа успеала да влезе во царината затоа што во огласот одобрен и потпишан од директорката Кутиров за инспектор за економски криминал не било предвидено конкретно средно школо туку во огласот е наведено „ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование“.

Покрај тоа според огласот на кој е примена поранешната градоначалничка од редовите на СДСМ не требало никакво работно искуство, а е потребно знаење на еден од трите најкористени јазици на ЕУ (англиски, германски или француски). Со огласот таа морала да достави и лекарско уверение издадено од специјалист не постаро од една година.

Огласот бил распишан на 5-ти септември, во понеделник, траел само три работни дена до петокот  9-ти септември, а кандидатите за тој краток рок требало да достават државјанство, сите 5 дипломи (4 за секој клас и за матура) од средно, а вишото училиште не е спомнато во овој дел од конкурсот.

Требало да се достават уште 4 документи од кои едниот е  доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (издаден од суд или Централен регистар). За издавање на вакво решение во суд се потребни два до три дена, што значи дека Халими уште во вторник сабајле поднела барање до суд за да го добие навреме  документот дека нема забрана за вршење дејност или должност и да конкурира навреме во петок.

Среќа е што сепак огласот не бил објавен во петок пред викенд или за викенд туку на почеток на работната недела.

Халими како кандидат на СДСМ победи на локалните избори во Арачиново и го урна децениското владеење на ДУИ, но на наредните избори во октомври лани изгуби во вториот круг со 150 гласа разлика. По година дена за кои е предвидене апанажа, Халими успеа да најде ново второ вработување во државно но не преку избори во матичното Арачиново туку преку конкурс за инспектор во царината.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе