Вести Свет Топ вести

Заврши референдумското изјаснување, во Донбас се бројат гласовите

Заврши референдумското изјаснување на територијата на четирите украински региони окупираните од Русија во областа Донбас за нивно отцепување од земјата и присоединување кон Руската Федерација.

Проруските власти во Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон истакнаа дека првичните резултати говорат за огромна поддршка на референдумот од страна на граѓаните.

За време на петдневното гласање жителите на овие украински региони требаше да одговорат на прашањето дали сакаат да станат дел од Русија.

Во зависност од исходот на гласањето како и по најавите дека утре Руската дума ќе го разгледува ова прашање би можело да се очекува следната недела да биде одобрена анексија.

Претседавачот на Советот на Федерацијата, горниот дом на законодавното тело контролирано од Кремљ, истакна дека сенаторите се „подготвени да ги разгледаат“ законите за формално присоединување на областите во Русија на 4 октомври.

Законите за анексија се очекуваат брзо да бидат заверени од двата дома на парламентот пред да му бидат предадени на Путин на потпишување.

Погледнете дел од изјавите:

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“ продолжува – министерката бара неколку дена за решение

Дејан Дејан

Обвинение за три лица за палење на македонското знаме на денот на албанското

Дејан Дејан

Новите генерации многу малку знаат за нашето културно наследство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе