Вести Свет Топ вести

Турција нема да ги признае резултатите од референдумското изјаснување во Донбас

Последен ден од референдумското изјаснување во четирите региони, Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.

Руските сепаратистички власти задоволни од излезноста изминатите четири дена во очекување во четврток Руската Дума да ги разгледа резултатите и да ги формализира во одлука за нивно припојување кон Руската Федерација.

САД уште еднаш порачаа дека никогаш нема да ги признаат резултатите од референдумот тврдејќи дека ова е само дел од планот на Кремљ за анексија на суверена територија на Украина. Обединетото Кралство пак веќе најави 92 нови санкции насочени кон голем број членови на одборот од организации поврзани со Москва како одговор на лажните референдуми поддржани од Русија оценувајќи го потегот како јасно кршење на меѓународното право, вклучително и повелбата на ОН.

Загриженост за референдумите што се одржуваат во окупираните региони на Украина изрази и Турција и најави дека нема да ги признае резултатите.

Погледенете ја изјавата на Мевлут Чавушоглу – министер за надворешни работи на Турција:

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полициско возило со тројца полициски службеници излетало на патот Охрид-Кичево- повредените се пренесени во болница

Дејан Дејан

Пратеникот Арсовски потврди дека нивен активист е предложен за член на Советот за граѓански надзор

Дејан Дејан

Платформата за ХИВ апелира да се врати минимален буџет од 130 милиони денари за заштита на населението од оваа инфекција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе