Вести Македонија

Николовски тврди дека до крајот на годината ќе бидат исплатени субвенциите за сточарите

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски,  ги демантира пелагониските сточари и тврди дека не за две години, туку дел од субвенциите не се исплатени за само неколку месеци.

Вели дека Владата со многу мерки и политики ги поддржува сточарите, а  до крајот на годината ќе се исплатат сите заостанатит субвенции со средства обезбедни со ребалансот на Буџетот.

Според Николовски, основната државна помош е целосно исплатена, се доцни со субвенциите за предаденото млеко

„Точно, од основање на платежната ангеција до денес најмногу се доцни со исплатата на субвенциите на сточарите. Токму затоа уште пред кризата испланиравме и побаравме од Министерство за финансии целокупната сума на средства која се должи кон сточарите да се исплати. Сега се потврдува дека таа политика била исправна“ вели Љупчо Николовски, министер за земјоделство

Министерот вели дека  се преземаат сите мерки за да се обезбеди доволно храна, се вложуваат максимални напори за да се зголеми домашното производство.

Се менува моделот на поддршка на земјодлеците и се воведуваат дополнителни субвенции за стратешки култури.

„Верувам дека со сите овие мерки ќе го одржиме во ваква криза интересот, а државата ќе обезбеди доволно количина на храна . Затоа сум сигурен дека мерките и сите програми што ги презедовме на време, уште  пред кризата, даваат резултати и верувам дека ќе се избориме заедно да го зголемиме домашното производство на храна“ – вели Николовски.

Николовски вели дека не сме единствена држва која е погодена од кризата, а  Министерството за земјоделство не е надлежно институција која ги креира цените на ниту еден производ, па ниту на млекото и млечните производи, кои во последните месеци сенормно се покачени,  за разлика од откупната цена на млекото, која се движи од 20 до 30 денари, а сточарите бараат зголемување за 70 проценти.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кос: Северна Македонија треба да го промени Уставот за да напредува во пристапувањето кон ЕУ

Дејан Дејан

Која е втората истрага за тајните служби во Македонија

Дејан Дејан

Македонија ќе бара помош од САД во поглед на евроинтеграциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе