Вести Македонија Топ вести

Референдум и избори на една сметка, бара Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Државата изборна комисија ја поднесе иницијатива за референдум за укинување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија од 2017 година.

Повика истовремено со референдумот да се распишат и предвремени парламентарни избори.

„Тоа што почнуваме постапка за распишување на задолжителен референдум за лошиот Договор со Бугариja не значи дека се откажуваме од барањето за предвремени избори. Напротив е одлична можност со референдумот на еден трошок да се организираат и избори“, кажа Мицкоски.

За да се распише задолжителен референдум потребно е да се соберат 150.000 потписи, а за да биде успешен треба да излезат да гласаат над 900.000 граѓани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во нападот со нож во Хамбург 17 повредени, од кои четворица се во животна опасност

Дејан Дејан

ЕУ одговори на заканите од Трамп за царини: Сакаме фер трговски договор, но подготвени сме да одговориме

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите во дискотеката „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе