Вести Македонија

Мицкоски бара референдум и избори на еден трошок

Со референдумот, на еден трошок да се организираат и предвремени избори, побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска во Државата изборна комисија ја поднесе иницијативата за укинување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Мицкоски очекува денеска да се соберат почетните сто граѓански потписи и веќе во петок иницијативата да стигне кај собранискиот спикер.

Повторно побара широка поддршка од сите партии, етнички заедници, партиски неопределените лица,  општествените фактори и невладините организации, да се обединат и да гласаат „за„ на референдумот.

Го повика и претседателот Стево Пендаровски, кој се изјасни против референдумот, да ја почитува иницијативата и јавното мислење.

Но, Пендаровски и денеска повтори дека не поддржува референдум со кој би се поништил Договорот за добрососедство со Бугарија, оти тоа, како што вели, би ја запрело европската интеграција на државата.

ДИК во наредниот период треба да ја достави иницијативата до претседателот на Собранието, Талат Џафери, а потоа да продолжи до двете собраниски комисии – законодавно-правната и таа за политички систем кои треба да утврдат дали е уредна.

За да се распише задолжителен референдум, потребно е да се соберат 150.000 потписи, а за да биде успешен треба да излезат да гласаат над 910.000 граѓани.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лондон е против трговска војна со САД, Берлин и Париз бараат одлучен одговор од ЕУ

Дејан Дејан

Судот во БиХ распиша меѓународна потерница за Додик – се чека одобрување од Интерпол во Лион

Дејан Дејан

Нов чекор на Ереван за оддалечување од Москва – парламентот на Ерменија гласаше за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе