Вести Македонија Топ вести

ТИ: Бавно одат законските измени кои треба да ги намалат ризиците од корупција во градежништвото и урбанизмот

Министерствата и општините не покажале воља да ги исполнат препораките со кои треба да се намали ризиокт од корупција во урбанизмот и градежништвото се констатира во извештајот на Транспаренси Интернешнал Макеоднија се однесува за периодот април до јуни 2022 и е втора ваква анализа. Целта на препораките е да се подобрат законите и да се порменат процедурите и да се зголеми соработката мегу институциите за да се надминат слабостите кои придонесуваат до корупција во градежништвото, објаснува претседателката на Транспаренси Интернешнал Македнија  Слаѓана Тасева

И понатаму недоволно се дефинирани постапките за изработка и донесување на урбанистичките планови и недоволно  се ангажирани инспекциските служби, чии капацитети треба да се зајакнат . Ова сед ел од заклучоците во извештајот

Казните не се строги, а треба да постојат и одредби со кои ќе биде дефинирана причинетата штета. Постои недоволна заштита на животната средина затоа што фокусот на локалната власт е урбанизација и носење на ДУП, без да се внимава на зелените површини, а постоењето на закони и подзаконски акти со кои се регулира иста или слична материја предизвикува состојба на судир на законите, стои во вториот квартален извештај на Транспаренски Интернешнал Македонија.

Според анализата постојат и големи дискрециони овластувања во локалната самоуправа и на министерот за транспорт и врски а како чекор до корупција се лоцираат и  честите промени и дополнувања на законите но и создабањето на правни празнини.

Иако исполнувањето на препораките е многу мало во извештајот се констатира дека перодов се зголемила активноста за нивно реализирање.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Двајца министри од грчката Влада поднесоа оставки- Мицотакис им се заблагодарил за соработката

Дејан Дејан

Ако Украина загуби, Путин нема да застане тука, Зеленски предупреди од голема руска офанзива наредните месеци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе