Вести Македонија Топ вести

Ниту еден јавен обвинител не смее да се смета себе си за семоќен, реагираат од Здружението на јавни обвинители на писмото на Русковска

Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија остро реагира на отвореното писмо од јавниот обвинител Вилма Русковска упатено синоќа преку медиумите до странски амбасади и меѓународни организации. Здружението смета дека потегот на Русковска го нарушува угледот на јавнообвинителската функција и грубо го прекршува етичкиот кодекс на јавните обвинители.

Како јавни обвинители не гледаме ниту една причина за ваков драматичен полноќен повик до меѓународни институции и дипломати, особено што ниту обвинителката Русковска, ниту останатите обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во ниту еден момент не биле спречени самостојно да водат истраги за предмети во нивна надлежност, реагираат од здружението.

Тие напоменуваат дека сите јавни обвинители мораат да се водат од начелата на законитост и правичност при постапувањето во предметите.

Јавното обвинителство е засновано на принципите на хиерархија и субординација, што значи дека секој јавен обвинител за својата работа одговара пред повисокото обвинителство. Ниту еден јавен обвинител не смее да се смета себе си за семоќен и да одбива контрола над постапувањето. Таквата контрола токму има за цел да се избегне незаконито постапување и самоволие, како и да се гарантира праведноста на постапката. Јавното обвинителство имало и има капацитети и институционални можности да ги преземе сите неопходни дејствија и апсолутно независно да одлучува во секој еден предмет, без притоа да има потреба од надзор од амбасади или меѓународни организации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Еден од најбараните американски бегалци Мојзес Теџада уапсен во Ватикан

Дејан Дејан

Притвор за зетот на Заев и разрешување на стечајниот управник на неговата фирма – барање на адвокати на австриска фирма која побарува над 4 милиони евра

Дејан Дејан

Овошје и зеленчук, реновирање, авионски карти со најголемо поскапување, зејтинот, мастите и природниот гас најмногу поевтиниле-Што ја скрои годишната инфлација од 4%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе