Вести Македонија Најважни

Затвор на Теферич – како моќници со обвинителска спогодба се преселија во Струга зад решетки

Теферич е турски збор за панорамски поглед или за излет во природа, име на скопска населба, но и локација на струшкиот затвор.

На три километри од центарот на Струга и со поглед кон езерото од растојание помало од километар, овој затвор, скромна зграда со парк во дворот, ќе биде  засолниште на многу криминалци со бели јаки кои успеаја да добијат затворски казни под три години и со охридски лични карти да се преселат од главниот град на брегот на Охридско.

Ги користеле погодностите на законот за извршување на санкции за да ги лежат казните во единствениот затвор од отворен тип, а доколку биле во Скопје ќе лежеа во Шутка. Но откако петмина го направија истото, Зоран Милески Кичеец, Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ, Сашо Мијалков и Тодор Мирчески- стана јасно дека не е погодност туку дека е дупка во законот.

Во моментот се вршат дебати за законот за извршување на санкции и откако почна преселбата на моќните на југ, стигнало предлог по домашна адреса да се издршуваат затворски казни до 6 месеци за да се спречи струшкиот затворски туризам.

Во сегашниот закон, казните до 3 години затвор се издржуваат во затворска институција во област кадеживее затвореникот.

Од невладините пак велат дека поради злоупотребите на моќните не треба да се менува сегашното решение, до три години затвор да се служат казните по адреса, туку на друг начин да се спречи злоупотребата.

Фактички, обичните граѓани, обичните затвореници ќе бидат оштетени поради злоупотребите на моќните. Оваа одредба е за да се овозможат помали трошоци за семејствата на осудениците, да се овозможи нивна полесна ресоцијализација, рече Дарко Аврамовски, од Коалицијата за правично судење.

И министерот Тупанчевски открива дека во правда работат на решение кое го кажа во интервју за Слободна Европа.

Би било добро „извршувањето на казната да се врзе со последните 2 години на живеалиште од пред извршување на кривичното дело“. На таков начин ние би избегнале оваа апсурдна ситуација, или ситуација која можеби по малку наликува на злоупотреба или излегување од правната рамка, вели Никола Тупанчевски, министер за правда.

Но прашањето за оние кои што го следат правосудството е како 5-мината струшки затвореници првин се спогодија со обвинителството, пред се за мега случајот Империја, за кој што признаа вина во десетици милиони украдени евра, а добија минимални затворски казни како за вреќа брашно или пакет зејтин. Спогодбите не се анализирани досега, но не се користат доволно тврди министерот Тупанчевски.

Тој вели дека ќе мора да се провери да не се случуваат злоупотреби со правната процедура спогодба со обвинителство наменета за економична постапка.

Ќе се анализира и дали  пресудените помали казни се соодветни на неправото односно на криминалот кој што го признаваат оние што заработиле милиони на незаконски начин.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали читањето на книги е сѐ уште во секојдневната рутина на човекот?

Дејан Дејан

УТРИНСКА ТЕМА – Како до побезбедно и подоверливо онлајн купување – Виктор Стојкоски

Дејан Дејан

Утре е неработен ден за сите граѓани на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе