Вести Македонија

Мини депонии, полни контејнери и нечисти улици – честа слика во Тетово

Мини депонии, полни контејнери, нечисти улици, е сликата во повеќе делови на Тетово. Една од причините за ваквата состојба е што Јавното комунално претпријатие се соочува со недостиг на вработени во делот на јавна чистота, а од друга страна работниците кои се ангажирани се жалат дека не примаат редовно плата.

Во неколку наврати одржуваа и протести. Иако сега не сакаат да зборуваат пред камера сепак револотот кај нив е голем.

„Сега на дел од вработените ни исплатија плата за април, но не на сите оддеднаш, некои уште немаат земено. Во моментов немаме ниту здравствено осигурување, па не можеме да одиме на доктор и да земеме рецепти за лекови. Платата некогаш ни доцни и по три месеци.“, вели вработен во ЈКП Тетово.

Градоначалникот Биљал Касами потврдува дека претпријатието се наоѓа во тешка финансиска состојба. Вели дека го субвенционирале во делот на плаќање на заостанатите плати, но, според него, мора да има трајно решение, затоа што и тоа се пари на граѓаните, кои треба да се искористат за проекти. Години наназад над 10 милиони евра не се платени обврски од граѓаните. Се подмируваат едвај 30 % од месечните сметки.

Касами вели дека комуналното претпијатие ќе го доекипираат во делот на инкасирање на фактурите, но споредн него најважно е граѓаните да бидат посвесни да ги плаќаат редовно сметките, за да има поефикасни услуги.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе