Вести Македонија Топ вести

Продолжуваат протестите против францускиот предлог

Граѓани со развиорени македонски знамиња и транспаренти „Сепак ние ќе победиме“ и „Стоп за бугаризација“, но главниот и најголем е „Со фашисти не преговараме“ вечерва маршираа од владата до Собранието за да го искажат своето противење на францускиот предлог.

На насобраните граѓани пред Собранието, облечен во маичка од референдумот за независност во 1991 година, се обрати министерот за информации во експертската влада на академик Никола Кљусев, Мартин Треневски, кој порача дека не смееме да го прифатиме тоа што ни се наметнува како платформа и ги повика сите Македонци да излезат на улиците и во другите градови.

На оние што вечерва не се со нас, упатувам апел да ни се придружат на некои од следите собирања и митизи да дојдат. Луѓе, не е време за комодитет пред телевизор, или по кафеани. Вака се брани Македонија. Да учиме од историјата драги мои. Кога во април 1941 година владата на Цветковиќ и Мачиќ потпиша пакт со Хитлер и Мусолини, народот излезе на улица и ја собори таа влада за помалку од 24 часа. Кај сте 1,8 милиони, 2 милиони, колку сме? Па да направиме вакви средби, митинзи низ цела Македонија. Не мора само во Скопје да се случува. Само така народот може да се спротивстави на овие фашизоидни тенденции, рече Треневски.

Се обрати и актерката Весна Петрушевска, нагласувајќи дека никој не може против народот.

Македонија е тврдина која мора да ја одбраниме. Како сакате да ни го смените идентитетот, да не асимилирате, како да се вика мојот театар ако не Македонски народен театар? Никој не го победил народот, никој не може против народот. Не сакам да преговарам за нешто што е само мое и да ме нарекуваат Северна Македонка, подвлече Петрушевска.

Протестот против францускиот предлог, под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“, се одржува по два денови пауза поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам, наместо марш во петокот незадоволството беше изразено преку блокади во Скопје, на булеварот „Илинден“ пред Владата, како и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.

Протестот ќе продолжи и утре со почеток на маршот пред влада во 19 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе