Вести Македонија Топ вести

Институтот за европска политика: Без етикети, со аргументи!

Деновиве сме сведоци на напади врз граѓански организации поради ставовите кои јавно и аргументирано ги споделуваат со јавноста во врска со францускиот предлог за отворање преговори со ЕУ.

Би сакале да нагласиме дека, наспроти сѐ, Институтот за еворпска политика (ЕПИ) ќе остане доследен на своите цели, мисија и принципи.

– Продолжуваме да се застапуваме за вредностите на ЕУ утврдени во членот 2 од Договорот за ЕУ: „почитувањето на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, вклучувајќи ги и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“.

– Остануваме доследни на нашите принципи на стручност, интегритет и независност.

– Поддржуваме аргументирана дебата каква што недостасува во јавноста, без сведување на „предавници“ и „патриоти“.

– Ја збогатуваме дебатата за проширувањето со учество на сите релевантни субјекти, вклучувајќи официјални претставници, независни експерти и граѓански организации, домашни и странски.

– И натаму ќе бидеме отворени за медиумите, почитувајќи ја нивната независност и слободата на изразувањето, како основни демократски вредности.

– Очекуваме објективно и непристрасно известување, без искривување и врамување.

– ЕПИ ќе остане непартиска организација, која ќе соработува со сите релевантни субјекти, но и ќе анализира, критикува и предлага, врз основа на истражувања и докази.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе