Вести Македонија

Мијалков призна вина за Империја- осуден на 3 години затвор и ќе плати 6,1 милиони евра кеш и 30 милиони евра во имот

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција потврдија дека Сашо Мијалков признал вина и се спогодил во предметот Империја.

Претходно, информацијата за спогодбата ја објави сдк.мк.

Од надлежното обвинителство за Телма потврдија дека со спогодбата, Мијалков е осуден на 3 години затвор и ќе исплати 6,1 милиони евра во кеш за уделот во хотелот Мериот со што неговиот удел во ексклузивниот хотел останува на име на неговите фирми.

Покрај тоа одземен му е и имот во вредност од околу 30 милиони евра меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Големи протести во Белград

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и локална нестабилност – Временска прогноза за 16.3.2025

Дејан Дејан

Со пасат се судрил со полициски голф, повредени 4-ца полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе