Вести Македонија Топ вести

ЕПИ: Пораките од типот „тоа е тоа“ за францускиот предлог се повеќе политички

Недостигот на протоколот меѓу документите што се испратени пред пратениците оневозможува суштествена дебата во Собранието, иако разговори мора да има и тоа на што пошироко ниво, забележуваат од Институтот за европска политика. За квалитетни разговори, велат, на маса мора да бидат барем дел од записниците, во спротивно, дилемите остануваат.

Од ЕПИ сугерираат дека, доколку не биде обезбеден широк консензус и се оди на надгласување, може да се случи преговорите да почнат, но таму и да застанат. Нема да има простор за уставни измени, односно вметнување на Бугарите во Уставот, што е првата обврска во францускиот предлог.

Се` уште не може да се даде конкретен одговор ниту на прашањето, дали доколку се одбие францускиот предлог, ќе добиеме друг?, тврдат од Институтот.Не се знае до кои консултативни фази е поминат документот во ЕУ, оттаму и пораките во оваа фаза од типот на „тоа е тоа„, се повеќе политички, за да се прифати фактот дека, дел од спорните билатерални прашања се вклучени во рамката.

Евроамбасадорот Гир, рече дека, многу луѓе во оваа тешка дебата ја споделуваат истата цел, сакаат да ја видат Македонија во ЕУ, но тоа само по себе не значи дека треба да се прифатат какви било предлози, вклучително и ревидираниот француски предлог. Одлуката, вели, е на државата, изборот треба да се направи смирено и низ жива дебата за предлогот што е  компромис, а компромисите се конфузни, им недостасува јасност и се многу тешки за објаснување. Затоа се обиде да појасни дека македонскиот јазик е заштитен и покрај унилатералната декларација од Бугарија.

Нашето мислење е дека овој предлог го заштитува македонскиот јазик. Во срцето на овој предлог е преговарачката рамка, а во неа македонскиот јазик се појавува без фусноти и ѕвездички, без какви било резарви. Да, има референци на други места, еднострани декларации и тоа секако е фрустрирачки за некои луѓе. Некои доаѓаат и ме прашуваат, како може ЕУ да прифати унилатерални декларации? Но, вистината е, и тоа е тешко да се прифати дека унилатералните декларации постојат, тоа е начин на кој функционира ЕУ, вели евроамбасадорот Гир.

На дебатата беше потенцирано и дека, референдум,  би било тешко да се организира, иако не треба да се исклучи како решение. Важно е, беше нагалсено,  да се сфати дека, за влез во ЕУ нема гаранција и што и да се одлучи, на тоа не би требало да се гледа како на откажување од европската интеграција, ниту пак,  да се гледа на ЕУ како лек за се`, затоа што реалноста е некаде на средината.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе