Вести Македонија Топ вести

Кацарска: Со внесувањето на бугарската заедница во Уставот, ќе се доведе до тоа Бугарија да им биде матична земја на тие граѓани

„Барањата на Бугарија се променливи. Она што ние честопати го предупредуваме дека нивните барања се цел која се поместува. Ако ги погледнете денешните изјави на Радев, вели дека не бараме статус на малцинство туку уставнотворен народ. Кај нас на пописот има 3.500 граѓани кои се декларираат како Бугари. Преку внесувањето на бугарската заедница во Уставот, ќе се доведе до тоа Бугарија да им биде матична земја на тие граѓани, во случајот како што е со Хрватска и Србија во БиХ“, изјави во вечерашното издание на Топ тема директорката на Институтот за европска политика – Скопје, Симонида Кацарска.

Кацарска смета дека вклучувањето на правата на малцинствата, со дополнителен акциски план за малцинства, по измена на Уставот во делот на малцинствата, не се во доменот на Европската унија, и има ризик да го комплицира пристапот на земјата во Унијата.

Директорката на Институтот за европска политика – Скопје, Симонида Кацарска смета дека во преговарачката рамка има акомодирање на дел од бугарските барања.

„Имаме одредена форма на документот кој што излезе во медиумите и тоа е она што го имаме пред нас. Се споменува билатералниот договор како дел од преговарачката рамка. Ние веќе имаме неколку форми на преседани, во секој случај вклучувањето на билатералниот договор во преговарачката рамка ќе има имликација односно ќе биде преседан кој што ќе го успори процесот, и мислам има земји членки кои се свесни за тоа и прашање е како тие ќе се постават во одонос на ова прашање. Но, не можеме да очекуваме дека тие ќе не спасат“, вели Кацарска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе