Вести Македонија Топ вести

41 работник од фабриката на Кромберг и Шуберт затруени со храна од фабричките мензи

Вкупно 41 вработен од фабриката Кромберг и Шуберт од четвртокот до денес пријавиле дека се затруле со храна  во двете фабрички мензи. Државниот  санитарен и здравствен инспекторат  денска ја затвори втората менза  во фабриката, откако 11 вработени побарале лекраска помош со симптоми на труење.

Во четвртокот  се затвруле 30 вработени, а ДСЗИ тогаш ја затвори првата менза.

Директорката на ДСЗИ Ирина Бухова за Телма вели дека според информациите од Биотолската болница досега ниту еден пациент не е хоспиталзиран. Сите биле на преглед во дневанта амбуланта  на Инфективно одделни и дадена им е соодветна терапија. Заедничко за сите затруени е што конзумирале  иста салата.

Со оглед на то што во двете мензи дневно се делат околу 5000 оброци, можно е да има и други вработени со симптоми на труење, велат од инспекторатот.

Земени се примероци и од работните површини во кујните, како и од оброците по што треба да се утврди причината за труењто на работниците во фабриката  Кромберг и Шуберт во Битола.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најдобрите американски колеџи се борат со протести против војната во Газа

Дејан Дејан

Во руски ракатен напад урната ТВ кулата во украинскиот град Харков

Дејан Дејан

Упатство за гласање на претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе