Вести Македонија Топ вести

Над 500.000 граѓани се само со елементарно образование или се неписмени

Во 21 век, во 2021 година 18.897 лица од резидентното население во земјава постари од 15 години, се неписмено, што е 1,2 проценти од населението.  Ова го покажа новиот сет податоци од пописот на населението спроведен минатата година кој денеска го објави Заводот за статистика, а според кои поразителен е и податокот за соодносот на неписменоста меѓу мажите и жение, односно од нив 5.517 се мажи, а 13.380 се жени. Не е поразличен ни  соодносот и кај оние без образовени. Од вкупно 23.192 македонски граѓани над 15 години кои се без образование што е 1,5 проценти од вкупното население во земјава, околу 7.000 се мажи, а над 16.000 се жени.

Со незавршено основно образование се 4,1 процент од населенито во Македонија односно малку повеќе од 62.000, додека само основно образовение имаа речиси една третина од жителите во земјава, однсоно 27,8 проценти или изразено во бројки 423.456 лица, од кои над 240.000 се жени. Со средно образовение се над 670.000 граѓани, додека високо образование имаат 263.000 граѓани, од кои 122.000 мажи и над 140.000 жени. Во Македонија само 0,4 проценти од граѓаните над 15 години имаат докторат како степен во образованието односно 6.037 лица.

Од оние со високо образование најбројни се оние со диплома во областа инженерство, производство и градежништво, 18,7 проценти, а само 1,9 проценти или малку на 19.000 лица имаат диплома од информатичко-комуникациски технологии.

Статистика денеска ја објави бројката и на работоспособно на населението во земјава, 1.525.366 лица од кои вработени се повеќе од 608.000 граѓани постари од 15 години и тоа најмногу од нив со диплома од средно образование. Според дејности, најмногу вработени има во преработувачката индустрија, над 123.000 македонски граѓани. Повеќе од 109.000 македонски гражани  активно бараат работа.

Поразителен е податокот кој го покажува пописот дека половина од работоспособното населениет во земјава или над 768.000 е неактивно односно не бара работа, од кои 440.000 се жени.

Податоците од пописот во 2021 година покажуваат и дека дури 450.000 лица во земјава се издржувани, од кои повеќе од 250.000 се жени.

Статистика во денешниот сет податоци ги објави и бројките за лицата со попреченост. Па така во земјава како лица со некакво вид попреченост се изјасниле повеќе од 94.000 македонски граѓани од кои речиси половината се на возраст меѓу 15 и 64 години. Според видот на попреченостод најголем број од лицата имаат проблеми со движењето односно над 38.000 од нив, додека со видот попреченост пријавиле над 12.000 македонски граѓани.

Третиот сет пописни податоци опфаќа податоци и за становите во змејава. Па така од вкупно 839.174 стан во Македонија во речиси 532.000 или во 63 проценти од нив се живее, додека повеќе од 307.187 станови или повеќе од 36 проценти се ненаселени. Од нив најголем број 59.300 се во Скопје, над 17.800 во Охрид, 16.000 се во Битола, речиси 13.000 во Ничево, над 12.000 во Гостивар и Куманово, нешто помалку, 11.000 има во Прилеп, а 9.700 во Тетово.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе