Вести Македонија

Во строга тајност се држат деталите за утрешната средба Ковачевски – Петков во Рим

Средновековните словенски просветители и нивното чествување во Рим како можност да се објави извесен напредок во актуелните модерни односи меѓу Македонија и Бугарија и откочување на процесот за евро-итеграции заглавен со ветото на Софија. Бугарскиот Дневник пишува дека за средбата на Ковачевски и Петков во Рим имало план „двајцата премиери да објават напредок или достигнување со кое може да се крене ветото“. Други детали нема ниту во бугарските ниту од македонските институции. Од владата дури денеска потврдија дека утре попладне во Рим ќе се сретнат Ковачевски и Петков. Без детали за темата. Во саботата пак МНР за Телма потврди дека ќе има средба, ама агендата и натаму е сокриена, а ниту медиумските екипи кои ќе го покриваат чествувањето на Свети Кирил и Методи уште не ја добиле агендата за оваа официјална посета на македонскиот премиер. Во Бугарија пак веќе е објавен планот за посетата на Петков на Рим, покрај протоколарните обврски и составот на делегацијата во која ќе биде и бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска и претседателот на тамошната академија на науки- БАНУ, наведено е дека првин ќе се сретне со италијанскиот премиер Марио Драги со кого ќе разговараат и за „актуелни теми од европскиот дневен ред“. Веднаш потоа како претпоследната активност на Петков во Рим е Ковачевски.

По традиционалната посета на базиликата Санта Марија Маџоре, каде папата Адријан Втори ги благословил словенската азбука и книгите, премиерот ќе се сретне со делегација од Република Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски., се вели во СООПШТЕНИЕ од КАБИНЕТОТ НА ПРЕМИЕРОТ НА БУГАРИЈА КИРИЛ ПЕТКОВ

Што ќе се разговара и што ќе се објави – се крие од официјалните извори во Скопје и Софија. Во македонската делегација ќе биде и шефот на дипломатијата Бујар Османи кој ќе присуствува на премиерската средба, потврдија од неговиот кабинет.Вицепремиерот Бојан Маричиќ претходно изјави дека постои силна европска иницијатива за откочување на процесот за прва меѓувладина седница, додека во Бугарија напорите на ЕУ-дипломатите ги оценуваат како притисок. Петков побара итна средба на советот за национална безбедност која треба да ја свика Радев за да се расправа за новата ситуација со Македонија, но таа засега не е организирана. Идејата за совет кај Радев, беше критикувана и од коалиционите партнери на Петков, а дури и Генчовска тврдеше дека премиерот нема право да бара такво нешто затоа што нема промени во спорот и ветото ќе остане и во јуни. Генчовска сега и по список е дел и од делегацијата на Петков во Рим, а од македонското МНР очекуваат и таа да учесвува на средбата на двете делегации каде повторно ќе се сретне со Османи.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Кривична пријава за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш

Дејан Дејан

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Дејан Дејан

Пендаровски: Го вратив законот за игри на среќа, ЕУ децидно ми кажа – „нема ниту една европска директива за која го врзувате, европското знаме е злоупотребено“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе