Вести Македонија Топ вести

Од МНР потврда: Рим ново место за средба меѓу Ковачевски и Петков

Во Рим ќе има средба меѓу македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот Кирил Петков, потврдуваат од МНР на прашање на Телма. Од владата не одговораат ниту пак се споделуваат детали за што ќе се зборува на средбата. Двете државни делегации во различни термини ќе го чевствуваат Свети Кирил и Методи, но посетите ќе се преклопат во еден дел па за очекување е темата на разговорите да биде последното европско забрзување за да се надмине проблемот.

Нема промени во спорот, има притисок за напредок, вака бугарската шефица на дипломатијата Теодора Генчовска за БТВ ги коментира наводите за брзо разрешување на актуелната слепа улица во односите меѓу Македонија и Бугарија.

Генчовска само го потврди она што го кажа и вицепремиерот Маричиќ на Топ Тема на Телма. Дипломатска офанзива има, а тоа го покажа и посетата на еврокомесарот Оливер Вархеи на Софија во која главна тема се токму евро-интеграциите на Скопје. Вархеи синоќа си замина, но најави дека по три недели повторно ќе се врати во Софија во иста мисија- промена во ставот на Бугарија и започнување на преговорите со Македонија во јуни. Маричиќ пак рече дека станува збор за европска иницијатива во спорот.

Во Софија постои разногласие во владиниот коалициски состав, а тоа го покажа и синоќешното барање на премиерот Петков до претседателот Радев итно да го свика националниот Координативен совет за национална безбедност, за да се консултираат околу најновиот развој на ситуацијата. Радев досега не одговори, а Генчовска му контрира на својот шеф во владата, велејќи дека одлуката за повикување на советот е ингеренција на претседателот на државата кога нешто ќе се промени, а тоа досега таа не го видела. Петков бара и рапорт од Генчовска што како министерка сторила во преговорите со Скопје, додека Генчовска пак преку БТВ му одговори дека ветото треба да остане бидејќи нема преговори и си посака покана од Османи за средба и преговори.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

(видео)Претседателски избори 2024 – хроника 16.04.2024

Дејан Дејан

Рок-ѕвездата Лени Кравиц ќе настапи на годинашното издание на музичкиот фестивал Охрид колинг

Дејан Дејан

Џафери бара комплетна документација од Тошковски за случајот со новинарот Фуркан Салиу

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе