Вести Македонија

Жртвите на семејно насилство од Тетово се препраќаат во шелтер центар во Велес

Иако жртвите на семејно насилство од полошкиот регион почесто се охрабруваат да пријават, сепак во понатамошната постапка отежнат им е пристапот до специјализирани услуги.

Според анализите на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство има само еден советувалишен центар, раководен од ресорното Министерство, додека второто советувалиште е само проект на граѓанска организација, но не е финансиски одржливо.

Генералниот заклучок на анализата е дека за полошките општини, иако имаат законска обврска, во овој момент насилството врз жените и семејното насилство не е приоритет.

Поради фактот дека нема засолниште, социјалните служби се принудени жртвите, кои имаат таква потреба, да ги сместат во шелтер центрите во другите градови.

Во 2020 и 2021 година во тетовскиот Центар за социјална работа пријавени се 105 случаи на семејно насилство, додека во гостиварскиот 58. Во 2020 година во СВР Тетово биле регистрирани 96 кривични дела од областа на семејното насилство, од кои 74 во тетовско, додека 22 гостиварско.

 

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Јуриќ: Како да нема човек што е во близина, а да не е сомнителен во случајот со Данка

Дејан Дејан

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе