Вести Македонија

Договор нема, но има усогласување за барањата на СОНК и МОН

И денешниот состанок меѓу СОНК и МОН заврши без договор околу барањата на синдикатот кои беа причина за штрајкот, минатиот месец.

Но, има приближување на ставовите меѓу двете страни. Претседателот на СОНК по средбата кажа дека при разговорите нема прашања кои ги отфрлала другата страна.

А, се разговарало за новите колективни договори за вработените во основното и средното образование, кои дополнително треба да се усогласат и потпишат на почетокот на новата учебна година, за методологијата за континуиран раст на платите во следните две години, со вградени коефициенти на инфлација и пораст на минималната плата и за бараните проценти за зголемување на платите сега, рече Неделков.

„Околу зголемувањето на платите имаше дополнително некои наши предлози како и во кој % да се зголемат. Сепак повторно се враќаме до Министерството за финансии за анализа и проверка, колку средства ќе бидат потребни“ – вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

 

„Знаеме во која фаза бевме во процесот на буџет, во која фаза сме на подготовка на буџет, во која фаза ќе сме во наредниот период после изнаоѓање сретства  за реализација на тој буџет. И затоа мислам дека сме блиску до изнаоѓање решение за подобри услови. Не сакам да споменувам процент зашто овој процес ќе биде подобар и наставниците ќе имаа подобри услови и после потпишувањето на гранските колективни договори“ – тврди министерот за образование и наука.

И СОНК и МОН очекуваат на почетокот на следната работна недела, согласно последните 3 дена од процесот за помирување да се постигне договор . Ако тоа не се случи штрајкот во образованието ќе се реактивира, децидни се од СОНК.

А, следната недела , од увидот на Бирото за развој на образованието колку се реализирани  наставните програми во основните училишта кои беа запрени поради штрајкот, ќе зависи одлуката за крајот на школската година на 10 јуни. Но, има простор за учениците од прво до осмо одделение изгубеното да се надокнадат во новата учебна година, смета министерот за образование.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во урнатините на Кан Јунис пронајдени 392 мртви тела

Дејан Дејан

Новинарите во Србија подлегнуваат на самоцензура поради закани

Дејан Дејан

Како се трошат милиони: Десет од избирачки одбор пребројувале 7 гласови и чекаат втор круг на далечниот исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе