Вести Свет

ВИДЕО: Експлозиви поставени пред домовите на новинар и претседателот на Федерацијата на полицајци во Атина

Импровизирани експлозивни механизми поставени пред домовите на новинар и претседателот на Федерацијата на полицајци, оштетени канцелариите на компанијата- концесионер на атинскиот автопат „Атики одос“ и фрлени летоци и испишани слогани на Министерството за климатска криза и цивилна заштита беа регистрирани во текот на ноќта во Атина, без да има повредени лица.

Пред домовите на новинарот Димитрис Камбуракис од телевизијата „Скај“ и на грчката Федерацијата на полицајци Василис Думас во два одвоени случаи, во две атински населби експлодираа импровизирани механизми со плински боци и бензин што предизвика мала материјална штета и не е познато дали зад двата инциденти е ист сторител или сторители.

Новинарот Камбуракис објави видео од безбедносни камери на кое се гледа лице кое пред влезната врата остава кеса со боците и бензинот, ги пали, бега, по што следи експлозијата.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому рече дека нападите на домовите на Камбуракис и Дума, „претставуваат криминални дејствија што никој демократски граѓанин  не може да ги толерира и додаде дека исто така, „неприфатливи и длабоко антидемократски се нападите од насилниците од „Рувиконас“.

Истакна дека државата ќе направи се што е потребно за да се изведат сторителите на овие дела пред лицето на правдата, потенцирајќи дека се подразбира осудата на сите инциденти.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе